Жители на кичевско не даваат општината да фрла ѓубре близу нивните ниви, поставија шатор на патот

Фото: ТВ Алсат-М

Веќе две недели, жители на дел од кичевските села протестираат на патот кон Осломеј, не дозволувајќи му на општинското комунално претпријатие да го одлага отпадот во близина на нивните ниви, јавува Алсат-M.

Тие дури поставиле шатор на патот, во кој дежураат 24 часа за да ги спречат општинските комунални камиони да продолжат да фрлаат отпад на нивите.

„Тука сме скоро две недели и сме против ѓубрето, да не се фрла овде бидејќи ни прават голема штета. Како прво, го загадуваат воздухот на сите села, второ, водата во бунарите што ја пиеме ќе се загади, нема каде да се оди, тука нема живот“, велат локалните жители за телевизијата.

„Тука сме за да го заштитиме чистиот воздух, плодната почва и чистата вода. Човечкиот фактор го загадува воздухот, нема веќе 75% азот, ниту 20% кислород, туку од човечки фактор овде се фрла само отпад, тука се испуштаат само отровни гасови“, додаваат тие.

Претседателот на протестниот совет, Фатмир Лимани, ја обвинува општина Кичево дека прави фиктивни договори и ги злоупотребува печатите на месните заедници од овие села за да покаже дека има договор со жителите отпадот да се фрла овде.

„Се вели дека месните заедници и општинските органи се договориле, но за каков договор станува збор кога парцелите што се во рамките на рудниците, не се во сопственост ниту на месната заедница, ниту на Министерството, ниту на општината. Ова е неважечко, а второ со новиот Закон за локална управа на месните заедници им се одземени ингеренциите, па дури и прават криминал користејќи печати на месните заедници кои со донесувањето на новиот закон имаа време да ги вратат и да не ги злоупотребуваат. Значи, тука има и организиран криминал. Но и да создале месни заедници, кои се да ги видиме, сите тие се претседавачи и потпретседатели на ограноци и разграноци на политичките субјекти“, рече Лимани, кој е претседател на протестниот совет.

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, ги негираше обвинувањата дека отпадот без договор се фрлал низ нивите околу Осломеј, а протестот на жителите го нарече политички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот