Жител на Желино со автомобил намерно го удирал возилото со кое се судрил, повредена е една жена

Синоќа околу 21 часот, полицајци од СВР Тетово го уапсиле Ј.Ф.(46) од селото Желино.Тој претходно со својот автомобил направил сообраќајка со автомобил „Опел Астра“ во центарот на Тетово, по што настанала расправија меѓу учесниците во сообраќајката. Потоа, видно изнервиран, Ј.Ф намерно неколкупати со својот автомобил го удрил возилото „Опел Астра“.
„Околу 19.30 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, Ј.Ф со своето возило „Фиат Пунто“ неколкупати удрил во возило „Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р. (30) од Тетово, при што со повреди се здобила сопатничката во возилото, М.Р., констатирани во Клиничката болница Тетово“, соопштија од СВР Тетово.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.