Жител на тетовски Порој фатен со 100 пакувања кокаин

Лицето А.Б.(31), кој требало да биде приведен, се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.

Приведен е 31 годишен жител од тетовско Порој вчеравечер на паркинг од фирмата во селото, а притоа кај него се најдени над 100 пакувања кокаин и марихуана.

Лицето А.Б.(31), кој требало да биде приведен, се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.

– Вчеравечер во 23 часот, на паркинг од фирма во село Порој, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Б.(31). При преглед во патничкото моторно возило „хамер”, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефони, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Поројчанецот е задржан во полициската станица, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот