Жител на Тетово приведен затоа што го нападнал татко му

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Тетовската полиција вчера лишила од слобода 51-годишен жител на градот кој го истепал својот татко. Причина биле нарушените семејни односи, а физичкиот напад се случил вчера, во 21 часот во заедничкиот дом.

– Вчеравечер во 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Н.Б., кој околу 21 часот во заедничката куќа во Тетово физички го нападнал неговиот 70-годишен татко, а поради нивни нарушени семејни односи.Тој е задржан во Полициската станица Тетово, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 130 став 2 од Кривичниот законик-телесна повреда при вршење семејно насилство.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот