Жител на Свети Николе наместо да седи во изолација, бил затекнат во угостителски објект

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.Д.(28) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот, на 17.07.2020, при контрола од полициски службеници, не бил пронајден во својот дом, односно бил во угостителски објект во Свети Николе.

Тој на овој начин не постапил според Решение издадено од 14.07.2020, со кое му се одредува здравствен надзор и самоизолација во домашни услови во траење од 14 дена, за што бил изготвен записник за извршена контрола и бил спроведен во државен карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот