Жител на струмичко Самоилово нападнал 20 години помлада жена и се обидел да ја силува

Фото: илустрација

64-годишен жител на Струмица во петокот нападнал 20 години помлада жена со тврд предмет и се обидел да ја силува, информираат од МВР.

„Денеска во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од селото Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атарот на Самоилово, кај местото наречено „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа“, соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот