Жител на Слатино крадел стуја, пуштил кабел и до куќата на брат му

Работник во ЕВН / Фото: Архива

СВР Тетово поднесе кривична пријава против T.Б.(51) од село Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, информира МВР.

-На 20.02.2020, полициски службеници во координација со електромонтери од ЕВН Македонија, извршиле увид во куќата на пријавениот во село Слатино, при што било констатирано дека тој незаконски се приклучил на електричната мрежа, така што бесправно пуштил кабел од дрвениот столб, сопственост на ЕВН, до неговата куќа и до куќата на неговиот брат- стои во дневниот билтен ан МВР.

На овој начин тој користел неограничена количина на електрична енергија,  оштетувајќи ја ЕВН Македонија за сума од 12.447 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот