Жител на САД осуден на 12 години затвор во Виетнам

Суд во Виетнам осуди американски државјанин на 12 години затвор откако беше прогласен за виновен за обид за државен удар за време на судење што траеше само половина ден, изјави адвокатот на осудениот.

Мајкл Понг Мин Нгуен (55) се изјасни за виновен, но побара неговата казна да биде намалена за да може да се врати кај своето семејство, изјави неговиот адвокат Нгуен Ван Миен по судењето во Хо Ши Мин.

Нгуен е обвинет за поттикнување на виетнамскиот народ да се приклучи на протестите и за обид за напад врз владини канцеларии во Ханој и Хо Ши Мин, со користење молотови коктели, објави локален весник.

Американската амбасада во Ханој соопшти дека е многу разочарана од пресудата.

Нгуен, кој е роден во Виетнам и живеел во САД уште од детство, беше уапсен во Виетнам во јули 2018 година под сомнение дека работел против владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот