Жител на Рашче криел пиштол и куршуми

Фото: mia.mk

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 17 овој месецт, во својот дом во селото Рашче, обвинетиот 34-годишник држел полуавтоматски пиштол Застава М57 со калибар 7,62Х25 мм и 25 куршуми од тој калибар. Оружјето и муницијата му биле пронајдени и одземени при претрес на домот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице за кое не постојат околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот