Жител на Кочани нападнал малолетници и со метална цевка се заканувал на полицајци

Македонска полиција/ Фото: Миа

Возрасен маж од Кочани е под кривичен прогон, за насилство врз двајца малолетници и закани кон полицајци, информира МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(51) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,насилство врз дете“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

-На 21.06.2020 пријавениот, во двор на основно училиште во Кочани, со тврд предмет нападнал двајца 16-годишници, при што едниот од нив го повредил- стои во дневниот билтен на МВР.

Кога полициски службеници го побарале во неговиот дом, тој излегол и почнал да им се заканува со метална цевка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот