Жител на Градец славел со пукање од пиштол пред изборен штаб

Избори во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Жител на селото Градец-гостиварско бил повикан на разговор во полициска станица откако бил пријавен дека пукал од пиштол пред штаб на политичка партија во селото Неготино-Полошко.

Од СВР Тетово информираат дека, вчеравечер околу 21 часот и 30 минути во Полициска станица Гостивар повикан е Е.Ј. (44) од гостиварски Градец. Тој претходно бил пријавен дека вечерта на 17 октомври околу 21 часот со огнено оружје пукал на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино-Полошко.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. На посоченото место се пронајдени и подигнати за вештачење две празни чаури, а од Е.Ј. одземен е, исто така, за вештачење и пиштол што го поседувал со дозвола.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот