Жител на Чегране не ја почитувал задолжителната самоизолација

Осомничениот вчера во попладневните часови излегол од домот и се движел низ селото, иако бил на задолжителна домашна изолација почнувајќи од 13 март, по што повторно бил вратен во изолација.

Жител на гостиварското село Чегране заработил кривична пријава, поради непочитување на мерката за самоизолација.

Одделението за внатрешни работи Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против В.А (51). Тој е осомничен дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, по член 206 од Кривичниот законик.

Осомничениот вчера во попладневните часови излегол од домот и се движел низ селото, иако бил на задолжителна домашна изолација почнувајќи од 13 март, по што повторно бил вратен во изолација, информираат од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот