Жител на Чајле е петтиот позитивен на Ковид 19 во Гостивар

Болничари во Србија / Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Во Општина Гостивар евидентиран е нов случај на инфициран со коронавирусот. Вкупната бројка на регистирини до денеска е пет.

Утрово, градоначалникот Арбен Таравари добил информација од Институтот во која било наведено дека жител на селото Чајле е позитивен на Ковид19 тестот. Станува збор за повозрасен маж кој претходно имал симптоми и се обратил кај матичен лекар, по што му било направено тестирање. Тој денес ќе биде згрижен во Инфективното одделение во гостиварската болница.

Според најновата статистика, во Гостиварско се тестирани вкупно 143 лица, од кои осум биле позитивни. Меѓу нив има тројца здравствени работници и еден граѓани, две лица од Општина Врапчиште, еден струмичанец кој бил во државен карантин во Маврово. Еден медицински техничар кој на првиот тест се покажал како позитивен, а на повоторното тестирање покажал негативен резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот