Жител на битолско во дворот од неговата куќа со нож нападнал извршител, па избегал

Фото: Илустрација

Млад жител на битолското село Мусинци вчера е уапсен откако се однесувал агресивно кон полицајци и кон извршител кој дошол во неговиот дом за да наплати долг, а потоа го нападнал извршителот со остар предмет, по што избегал, соопшти МВР.

„На 29.09.2022 во 20.00 часот во с.Мусинци, општина Могила, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода е Ѓ.Р.(30) од с.Мусинци. Тој, во дворот на неговата куќа агресивно се однесувал и попречувал судски извршител и полициски службеници при преземање на службени дејствија, а со остар предмет се обидел да го нападне извршителот и оштетеното лице, по што побегнал“, се вели во соопштението.

По преземени мерки, тој бил пронајден и пронајден и уапсен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот