Жител на БиХ фрлал мебел од 4-ти кат: Леташе по улицата и се распаѓаше на парчиња (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Снимката на жител на Чаплиња во Босна и Херцеговина кој фрла мебел преку балконот од четвртиот кат во зградата во која живее, ги „запали“ друштвените мрежи од целиот регион.

– Ова е неверојатно. Снимам и не можам да верувам. Човекот од четвртиот кат на зградата фрла делови од кујна. Ова само кај нас може да се случи – напиша читател кој го пренесе „Čapljinski portal“.

Во видео снимката може да се види како машко лице фрла делови од мебел преку балконот во дворот на заградата, кои потоа се распаѓаат на повеќе делови и летаат наоколу во дворот.

За среќа, во тој момент никој не поминувал покрај зградата, затоа што тоа би било опасно по живот. Исто така, на тоа место често си играат децата од околните згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот