Жител на беровско село со шише по глава ја удрил сопругата

По удар со шише, повредена е жителка на беровското село Смојмирово. Повредата Ф.Џ. ја заработила, откако по вербална расправија во дворното место, нејзиниот сопруг и го нанел ударот, по што бил пријавен во полиција.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.Џ.(52) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 01.05.2020 во дворното место од семејната куќа, по кратка вербална расправија, пријавениот со шише ја удрил неговата сопруга Ф.Џ. и ѝ нанел телесни повреди, информираат од полицијата.

Беровската полиција во изминатото деноноќие поднела кривични пријави и против еден пехчевец и двајца беровци.

-Кривична пријава за непочитување на полицискиот час заработи Б.Д.(45) од Пехчево кој бил лишен од слобода, исто како и В.Д.(61) и Е.А.(35), двајцата од Берово, додаваат од полицијата.

Пријавите се поднесени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, и непридржување кон воведената мерка за ограничено движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот