Жиру за три важни бода на Челси! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките од 36 коло во најсилното англиско првенство екипата на Челси дома со 1:0 го совлада Норич.

Стрелец на единствениот гол за лондонските „сини“ го реализираше Жиру непосредно пред паузата после асистенцијата на Пулишиќ. За францускиот интернационалец ова е шести погодок сезонава во Премиер лигата.

Три важни бода за составот на Лампард кој се бори да биде на едно од местата кои водат во групите на Лигата на шампионите следната сезона.

На две кола до крајот клубот од „Стемфорд бриџ“ се наоѓа на третата позиција со 63 бодови, четири повеќе од Лестер и Манчестер јунајтед на четвртото, односно петтото место кои имаат по 59 бодови, но и по еден натпревар помалку.

За Норич кој веќе испадна во понизок ранг, ова е само продолжување на серијата порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот