Жирафата Каспер угинала поради инфекција со салмонела

Фото: Зоолошка градина

Жирафата Каспер угинала од инфекцијата салмонела, дознава Макфакс повикувајќи се на патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина.

„Врз основа на микробиолошкиот наод Salmonella enterica subsp. enterica serovar enteritidis во желудник (сириште), црн дроб, слезина и црева, како и на патохистолошкиот наод (…), можеме да заклучиме дека жирафата угинала како резултат на инфекција со бактеријата Salmonella enteritidis“, стои во наодот до кој дојде Макфакс.

Од Зоолошката градина не соопштија со каква храна била хранета жирафата од која би можела да се зарази со салмонела, но според директорот Зоран Попов жирафата повеќе месеци не била во добра состојба.

Жирафата Каспер угина пред еден месец. Имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Ова е втора жирафа која пцовисува, откако претходната почина во 2014 година на три и пол години. Животниот век им изнесува 25 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот