Жика Динев со карантински спот за неговата нова песна „Око забрането“ (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Корона пандемијата на сите ни ги поремети плановите, не затвори дома во 4 ѕида, погодувајќи не и здравствено, психолошки, социјално, економски… Едни од најпогодените покрај угоститеклите и туристичките работници секако се и естрадата и естрадните уметници.

Токму тие се тесно поврзани со угостителско-туристичката дејност, па неможноста за настапи заради забраната за јавно собирање и затворањето на локалите, не само што естрадата ја прикова дома, туку ако вака продолжат работите, ќе ја доведе и до тотален банкрот.

Некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал, Живко Динев по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни.

По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица, харизматичниот Жика  направи еден поголем потфат преработувајќи и снимајќи видеоматеријал за 15 музички бисери, чии кавер верзии беа објавени испеани од него.

Карантинот и изолацијата популарниот Жика покрај бројните онлајн настапи на социјалните мрежи во живо, сега ги искористи и за да подготви нов материјал, поточно нова авторска песна, насловена „Око забрането“.

Музиката на композицијата ја потпишува хармоникашот Дарко Илиевски, додека стиховите се на Борче Нечовски. Песната Жика и пријателите ја снимија уште пред почетокот на корона пандемијата, но за жал нејзината експанзија и мерките на забрана го спречија да го сними и веќе планираниот видеоспот за истата.

Како алтернативна варијанта, Жика ги собра своите пријатели и соработници – музичари и секој од дома, во домашни услови и куќен амбиент го отсвири својот дел во живо, а вокалите се снимени во студиото Анастасија. Така собраниот видеоматеријал го монтираше и спакува во „хоум видео“ Никола Автовски, по што Живко Динев истото го промовираше на социјалните мрежи…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот