Жидан: За излез од политичката криза на Словенија и се потребни предвремени парламентарни избори

Претседателот на словенечкото Собрание Дејан Жидан смета дека најдобар начин за излез од актуелната политичка криза во земјата е да се оди на предвремени парламентарни избори.

Жидан овој став го кажа по повикот на повеќе видни лица од политичкиот и јавниот живот, да се формира широка коалиција на парламентарните партии со цел државата да продолжи со нормалниот развој, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Имено, на оваа иницијатива со која се бара широка коалиција во која треба да бидат сите парламентарни партии со исклучок на Левица и СНС (Словенечката национална партија), се потпишаа и поранешниот министер Жига Турк, поранешниот европратеник Романа Јордан и други.

Тие сметаат дека нови избори нема да и денесат ништо ново на Словенија, освен назадување во развојот.

Во меѓувреме продолжуваа консултациите меѓу партии за формирање на ново парламентарно мнозинство на што инсистира Јанез Јанша и предвремени парламентарни избори што е цел на премиерот во оставка Мајран Шарец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот