Жиците сами почнаа да излегуваат од лактот: Лепа Брена покажа што и извадиле од рака (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатата пејачка Лепа Брена (59) е оперирана недела дена пред концертот во Хрватска, а таа реши да раскаже за каква интервенција станува збор.

Брена за српскиот портал „Телеграф“ до детал ја опиша операцијата.

Фото: ИнстаграмСтанува збор за операцијата која ја направила пред извесно време, а причина било металот вграден во нејзината рака.

– Имав проблем со десната рака, конкретно со лактот на десната рака каде почнаа да ми пречат жиците и штрафовите кои им ги ставија пред неколку години, кога го скршив лактот на десната рака. Се случи жиците сами да излегуваат и како што ми кажа докторот, моето тело го исфрлило од организмот – рекла Брена.

– Тие жици почнаа сами да излегуваат и донесов одлука седум дена пред концертот да ја направам таа минимална, кратка операција. Докторот ми ги извади сите метали од раката. Беше договор тоа да остане наша мала тајна, но сега вас ви кажаувам што всушност се случи. Подобро да кажам сега, зошто сигурно ќе ви кажев понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот