Жичарата на Водно станува се поатрактивна

Продадените билети за жичарата на Водно покажуваат дека 38.940 патници повеќе од лани со жичара се искачиле на Водно.

Во првите шест месеци од 2019 година, 170.975 патници се возеле со жичара, додека минатата година за време на истиот период биле продадени 132.035 билети.

Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП со жичницата, за периодот од јануари до јуни годинава, покажува дека остварениот приход за првата половина од 2018 година е 5.819.000 денари, додека, пак, за оваа година за првите шест месеци 7.528.000 денари или 1.709.000 денари повеќе од минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот