ЖФК Љуботен ги претстави шесте засилувања со кои ќе брка пласман во Европа

фото: МИА агенција

Женскиот фудбалски клуб „Љуботен” од Тетово кој беше хипер активен на трансфер пазарот, и официјално ги презентира шесте засилувања со кои првично ќе се обиде да обезбеди опстанок во првата лига, а потоа и ќе се атакува на трофејот во Купот.

Екипата на ЖФК Љуботен од денеска е посилна за Бразилките Ана Беатриз Тарантино – Роналдиња и Таила Фариас, македонската репрезентативка Магдалена Лекоска како и Сања Митреска, Србинката Анѓела Миловановиќ како и Сенада Муратовиќ од БиХ, додека се очекува и пристигнувањето на Меитефанг Танге Хореила Сореле од Камерун.
– Со Хореила Сореле од Камерун имаме договор, но не можеме да и обезедиме виза и затоа не е тука. Има технички проблеми и доколки ги решиме до 15 февруари таа ќе биде претставена, а ако не ќе биде продолжен до јуни договорот со цел да успее да се земе виза – вели Драгољуб Јовановски, потпретседател на ЖФК Љуботен.

Според управата на клубот, идејата е на долг рок да се обезбеди пласман на европски натпревари, а целта е што поголема мотивација кај младите и создавање на силна екипа преку сопствената школа.

– На краток рок се овие засилувања. Клубот не може да опстои со повеќе од пет-шест интернационални и домашни засилувања. Овие засилувања се донесени со цел, посебно атрактивните Бразилки, да се подигне свеста кај девојчињата за женскиот фудбал. Сега е ова овие засилувања се во таков период каде што приморани да го подигнеме нивото на квалитетот да останеме во лигата. Секогаш клубот ќе има 4-5 интернационални засилувања меѓутоа базата секогаш ќе биде од нашата школа – вели Јовановски.

Освен на играчки, екипата се засили и на адмистративен план и за нов спортски директор е именуван Небојша Брежан од Србија.

– Лесно се договоривме, мојата визија е да имаме една систематски квалитетна работа и ако има клуб на здрави нозе, со квалитетни луѓе на терен и во управа. Краткорочна цел е да се обезбеди опстанок во Првата лига и не мислам дека тоа треба да се доведе во прашање со оглед на квалитетот на фудбалерки кои се дојдени и тие што се тука. Повисоките цели се да се постават темели и систем и верувам дека наредната сезона ќе бидеме конкуретни за самиот врв на табелата и излез во Европа, рече Брежан.

Фудбалерките денеска започнаа со подготовките, а планирано е да се одиграат пет пријателски натпревари до 17 февруари, од кои три на 13. и 14. февруари во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот