Жезус го запре Евертон, доминација на лондонските „чекани“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Норич ремизираше со Кристал Палас, а пред своите навивачи фуриозно во Новата година стартуваа играчите на Вест Хем со триумф од 4:0 над Борнмут.

Се одиграа уште три натпревари од 21. коло во Премиер лигата, на домашен терен на „Етихад“ стадионот Манчестер сити со 2:1 го совлада Евертон.

На тој начин „граѓаните“ ги запреа „карамелите“ кои имаа две победи по ред од доаѓањето на новиот менаџер Карло Анчелоти.

Трите бода за период од седум минути во второто полувреме за Сити ги донесе бразилскиот интернационалец Габриел Жезус, а неговиот сонародник Ришарлисон го постигна единствениот погодок за гостите.

Норич ремизираше со Кристал Палас, а пред своите навивачи фуриозно во Новата година стартуваа играчите на Вест Хем со триумф од 4:0 над Борнмут. Нобле запиша два голови, а по еден имаа Халер и Андерсон.

Претходно објавивме дека Тотенхем беше непријатно изненаден кај Саутемптон, а Челзи одигра само нерешено против екипата на Брајтон.

Да додадеме уште дека вечерва е дербито на рундата, на „Емирати“ стадионот во Лондон Арсенал е домаќин на Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот