Жежок бран во Шпанија – температури и до 43 степени

Жежок бран во Шпанија / Фото: ЕПА

Шпанската метеоролошка служба соопшти дека топлата воздушна маса, која од Северна Африка стигна до Шпанија, донесе многу високи температури кои денеска се очекува на места да бидат и 43 степени.

Метеоролошката служба АЕМЕТ објави дека најтопло ќе биде во југозападниот и централниот дел на Шпанија, пренесе АП.

Во градовите како Севиља, Кордоба и Бадахоз се очекуваат температури до 43 степени.

Метеоролозите соопштија дека во Мадрид денеска може да биде и до 38 степени, што е значително над просекот за првата половина на јуни, додека на 500 километри понатаму, во Барселона, прогнозата е 32 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот