ЖЕСТОКО ВО ХОНГКОНГ: Полицијата тепа демонстранти, има и повредени – Слободен печат
ВестиПланета

ЖЕСТОКО ВО ХОНГКОНГ: Полицијата тепа демонстранти, има и повредени

Полицијата исфрлила солзавец кон демонстрантите, во форма на муниција, по што прво тие почнале да бегаат, а потоа дошло до меѓусебна пресметка.

Во Хонгконг денеска е забележана нова жестока пресметка меѓу демонстрантите и полицијата, во која има и многу повредени.

Околу десетици илјади демонстранти се собрале во индустрискиот дел на Хонгконг, Квун Тонг, одбележувајќи 12 недели протест. Кога пристигнала полицијата, дошло до пресметка меѓу присутните полицајци и демонстранти.

Полицијата исфрлила солзавец кон демонстрантите, во форма на муниција, по што прво тие почнале да бегаат, а потоа дошло до меѓусебна пресметка.

Според сведоците, ова е чиста злоупотреба на полициската моќ. Голем број демонстранти не можеле да избегаат бидејќи и најблиските метростаници биле затворени.

Овие протести се по повод нацрт-законот за екстрадиција на осомничени лица во Пекинг, а денеска веќе заземаат размери на голем антивладин протест.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close