Жестоки тензии во Дебар (ВИДЕО)

Вечерашните протести во близина на Зонската комисија за изборна администрација број 19 во Дебар, Албанија, се проследени со жестоки тензии. Демонстрантите се судриле со албанската полиција која користеше солзавец за да ги растера луѓето.

„БалканВеб“ јавува дека полицијата употребила во голема мера солзавец кон демонстрантите, кои по секоја цена се обидуваат  да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во просториите на Зонската комисија за изборна администрација за да ја ослободат од изборните материјали.

Во меѓувреме, силни тензии меѓу полицијата и демонстрантите се забележани во Зонската комисија за изборна администрација на Бурел, Клос од Булкиза.

Државната полиција реагираше во врска со тензиите што се случуваат во Дебар меѓу демонстрантите и полицајците.

Тие истакнуваат дека демонстрантите ги напаѓаат полицајците со тешки предмети и молотови бомби, обидувајќи се да влезат во објектите на Зонската комисија за изборна администрација.

„Топ Чанел“ пак јавува дека во судирите се ранети еден новинар и шестмина полицајци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот