Жестоки обвинувања: Принцот Хари е лицемерен бидејќи се вози во скап приватен авион

Фото: Профимедиа

Принцот Хари се врати во Санта Барбара каде живее со семејството, и тоа со приватен авион од пријател милијардер, само неколку месеци откако одржа предавање за климатските промени. Триесет и шестгодишниот член на кралското семејство се качи во малиот приватен авион вреден 45милиони фунти, откако учествуваше на поло натпревар во Аспен, Колорадо.

Летот до Санта Барбара траел два часа, а луѓето го нападнаа затоа што авионот испуштал илјадници тони штетен СО2. Авионот е во сопственост на Марк Ганзи, пријател на Хари. Откако слетал во Санта Барбара, Хари веднаш се качил во автомобил и заминал во вилата во Монтесито, каде живее со Меган и нивните две деца.

Ова се случи само три месеци откако принцот Хари одржа предавање на кое кажа дека климатските промени се „еден од најсериозните проблеми со кои се среќаваме“. Освен тоа, неговиот татко, принцот Чарлс, повлече најсилен потег на таа тема досега и ги повика британските претприемачи да помогнат бидејќи „планетата пропаѓа“.

Хари беше критикуван бидејќи за 11 дена четирипати користел приватни авиони, меѓу кои и за одење на самитот за климатски промени на Сицилија.

Ова е неверојатно лицемерно, со оглед на неговиот ангажман на полето на климатските промени. Хари очигледно се гледа како некој кој го предводи светот, но, неговото однесување не е важно. Тоа е чисто лицемерие – изјави Том Квин, авторот на биографии кој го следи кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот