Жестоки инциденти пред Амбасадата на САД во Атина (ВИДЕО)

Дел од демонстрантите, млади маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели.

Со инциденти заврши протестот во Атина во знак на поддршка за демонстрациите во САД, организиран од анархистички, левичарски и антирасистички здруженија и организации.

Инцидентите се случија пред американската амбасада што беше и крајната дестинација на протестот.

Дел од демонстрантите, млади маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели и разни предмети, на што специјалните полициски единици одговорија со солзавец, јави дописничката на МИА од Атина.


Инцидентите траеа кусо, по што ситуацијата се смири.

Амбасадата на САД во Атина беше под силно полициско обезбедување, додека пак протестот почна од пред грчкиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот