Жестоки борби во регионот на Харков

Украинска војска Харков EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Украинскиот град Харков денеска е цел на напади и во регионот се водат „жестоки битки”, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов.

Како што пренесува Би-Би-Си, тој вели дека руските војници зад себе оставиле „стапици” и ги повика жителите да останат во засолништата и „да не брзаат кон ослободените населби”.

– Непријателот е подмолен и прави сè за да повреди што е можно повеќе цивили меѓу Украинците, објави тој преку Телеграм.

Синегубов додаде дека благодарение на успешните офанзивни операции на украинските сили, неколку блиски градови се ослободени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот