20.8 C
Скопје

Жестоката пресметка продолжува: Палестинците возвраќаат, Хамас ќе ги ракетира израелските градови

Вооруженото крило на Хамас, бригадите Из ад-Дин ал – Касам, најави нов бран масовни ракетирања на израелските градови и воени бази како одговор на израелските напади, објави денеска израелската радио станица Савт  Ал-Акса.

-Најавуваме почетокот на ракетниот одговор од големи размери на нападите врз нашиот народ во Газа минатата ноќ и континуираната агресија против Палестинците, беше соопштено преку радиото.

Израелски напади во Газа/ Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Радикалните припадници на Хамас наведоа дека нападнале израелски брод во близина на брегот на палестинските енклави. Израелската команда го потврди нападот врз бродот, но наведе дека Палестинците ја промашиле целта.

Ракетни напади во Појасот Газа/ Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Бригадите Из ад-Дин ал-Касам, исто така соопштија дека ја гранатирале воздухопловната база Хацерим на југот од Израел. Слични напади изведоа и Сараја ал-Кудс (Ерусалимските бригади), вооруженото крило на палестинската група Исламски џихад.

Чад над џамијата во Газа/ Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Палестинците сега ги бомбардираат израелските градови во близина на Појасот Газа, вклучувајќи Асдерот, Ашелон и Вирсавеј.

Има извештаи дека во нападите има повредени и дека е причинета материјална штета. Постојат и извештаи дека главниот командант на милитантната група Сараја Ал – Кудс, Хусам Абу Харбид, задолжен за палестинските сили на отпорот во северна Газа, е убиен во текот на израелскито воздушен напад врз енклавата.

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар