Жестока казна за капитенот на Ајнтрахт кој го турна тренерот

Капитенот на Ајнтрахт Франкфурт, Давид Абрахам заврши со бундеслигашниот фудбал за 2019 година поради казната која ја доби за нападот над тренерот на Фрајбург, Кристијан Штајх во последното коло.


Германската фудбалска федерација денеска ја изрече казната за Абрахам, а тоа е суспензија од седум недели за инцидентот кој го предизвика во неделата. Покрај суспензијата, Абрахам е казнет и парично со 25.000 евра. Ова значи дека капитенот на Ајнтрахт ќе ги пропушти натпреварите на неговиот тим против Волфсбург, Мајнц, Херта, Шалке, Келн и Падерборн.

Интересно е што тренерот на Ајнтрахт, Ади Хојтер изјави дека Абрахам ќе остане капитен на тимот и покрај предизвиканиот инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот