Жесток судир на улиците на Лондон: Се истепаа Ерменци и Азербејџанци (ВИДЕО)

Снимкитите покажуваат дека судирот сепак не е избегнат.

Околу 150 Азербејџанци организираа протест пред амбасадата на Ерменија во Лондон, а малку подоцна на истото место се појавија и претставници на ерменската дијаспора, по што дојде до судир на двете страни, соопшти амбасадата на Азербејџан.

Азербејџанците кои живеат во Лондон носеа знамиња на својата земја, а се собраа за да ги осудат дејствата на војската на Ерменија на границата со Азербејџан.

Демонстрантите извикуваа пароли со кои истакнуваа дека Карабах е азербејџански.

Амбасадата на Азербејџан нагласи дека Ерменците се обиделе да  предизвикаат провокации, но во тоа не успеале, зошто Азербејџанците покажале „воздражаност“. Меѓутоа, снимкитите покажуваат дека судирот сепак не е избегнат.

Да потсетиме, претходно рускиот претседател Владимир Путин реши да се позанимава со ситуацијата меѓу Ерменија и Азербејџан за да се избегне ескалација. Министерот за одбрана на Турција изјави дека Анкара може да му пружи на Азербејџан воена помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот