Жешко во Собрание: Се судрија поранешните сопартијци Крсто Муковски и Антонио Милошоски

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Милошоски обвини дека власта е вмешана во Рекет и за тоа имал докази. За довчерашниот сопартиец Крсто Муковски рече дека бил награден со милионски тендери за тоа што гласал за смена на уставното име на државата и дека во неговата фирма сега нема контроли на УЈП.

Од собраниската говорница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја обвини власта дека сака да го протурка Законот за јавното обвинителство особено членот 110, за да нема нови обвиненија кои би се однесувале на луѓе од владејачката коалиција.

Милошоски обвини дека власта е вмешана во „Рекет“ и рече дека за тоа имал докази. За довчерашниот сопартиец Крсто Муковски рече дека бил награден со милионски тендери за тоа што гласал за смена на уставното име на државата и дека во неговата фирма сега нема контроли на УЈП.

На ваквите обвинувања пратеникот од независната пратеничка група, Крсто Муковски посочи дека неговата фирма работи со децении, и дека во секое време може да влезе контрола.

-Денес ВМРО-ДПМНЕ е заложник на двајца – тројца во партија и ВМРО-ДПМНЕ се претвори во партија на Златна Зора или радикалите на Шешељ. За 27 април ќе ви кажам неколку збора. Крсто Муковски знае дека направил грешка и за тоа одлежалл, но кажете кој ги врбуваше луѓето да го направат она што го направија. Кој рече не барајте го Љубен Аранудов, целта е Заев – рече Муковски.

Милошоски со контра реплика возврати:

– Крсто Муковски од СДСМ беше наречен терорист, но откако им гласаше за смена на Уставот , СДСМ тврди дека нема криминал во фирмата на Крсто Муковски. СДСМ тврди дека тој е терорист, откако гласаше за смена на Уставот. СДСМ тврди дека Крсто Муковски е реформист- рече Милошоски од собраниската говорница.

За збор се јави и координаторката на независнта пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова која побара пауза за да се смират страстите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот