Жерновски: Патриотизмот на опозицијата траеше до 19 часот на денот на изборите

Поранешниот градоначалник и поранешен заменик-министер, Андреј Жерновски/ Фото: Архива на Слободен печат

Зошто опозицијата тврди дека има мнозинство, а бара избори, прашува поранешниот градоначалник и поранешен заменик-министер, Андреј Жерновски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Тој вели дека сакал ВМРО-ДПМНЕ да освои повеќе градоначалнички места отколку на последните избори, но дека не очекувал ваква разлика.

-Апсолутна власт може да донесе притисок и одговорноста сега се споделува што ќе остварат, како ќе се однесуваат, како ќе вработуваат, што ќе вработуваат, посочува Жерновски.

Тој изјави дека досега лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски „9 пати најавувал мнозинство во Собранието и 9 пати има неуспех“.

-Чудно е да се најавува мнозинство, па да се бараат избори. Граѓаните знаат што значи парламентарни, локални или претседателски избори., вели Жерновски.

 

Патриотизмот на опозицијата траеше до 19 часот на денот на изборите.

-Одеднаш исчезна Република Македонија и патриотскиот став, вели поранешниот градоначалник и член на СДСМ, Андреј Жерновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот