Жерновски: Продолжена криза за продолжена кариера

Како владејачка партија која изминативе три години од постоењето на новата Влада упорно инсистираше на конечно функционирање на правната држава, би било крајно недоследно сега да го промениме тој курс. Токму затоа е сосема јасно зошто СДСМ инсистира на следење на правецот зацртан во Уредбата со законска сила од 21 март 2020 година, со која се утврдува динамиката на изборниот процес, започнат сo распишувањето на изборите на 16 февруари 2020 година. Во наведениот акт, изборните дејствија треба да продолжат во рок од еден ден од денот на престанокот на вонредната состојба. Оттука, секој друг и поинаков обид за делување на било кој политички чинител ќе значи директно поткопување на државниот правен поредок.

Прочитајте и...  Хјустон и Остин бараат дозвола да наредат луѓето да останат дома поради Ковид-19

На напорите на СДСМ, преку договор и изнесување на аргументирани ставови да се дојде до консензус за ова прашање, треба да се гледа исклучиво како на акт на демократичност и политичка култура. На онаа култура која не постоеше цели единаесет години, а чие однесување и ден денеска претставува базична матрица на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

За жал, неизвлекувајќи поука од таквото погубно однесување, партија на Груевски и Мицковски продолжува со својата деструктивна политика на уценување и блокирање, носејќи ја  државата во немирни и матни води, во кои они умеат најдобро да пливат.
Да не се залажуваме- таквата политичка криза на Мицковски му е неопходна за да го продолжи траењето на сопствената политичка кариера. Тој не само што ќе ги интензивира активностите за пролонгирање на разрешницата, туку злоупотребувајќи ја состојбата со коронавирусот и флертувајќи со неа, ќе биде најсреќен до разрешница воопшто и да не се дојде. Затоа, во оваа мала јавна тајна има една голема вистина- по било која цена ќе се обидува да го избегне изборниот мегдан и извесниот пораз, дури и по цена државата да загази во целосна политичка и економска блокада.

Прочитајте и...  Сарач: Како партија ќе ги отвориме сите врати за инвестиции од пријателска Турција (ВИДЕО)

Па сепак, се разбира, многу поважно од продолжувањето на политичката кариера на Мицковски е одржувањето на правната држава. Како земја која започнува преговори со ЕУ, потфрлувањето во правните процедури и во фукционалноста на демократските институции е недозволиво, особено што истите се во првиот столб на новата методологија за пристапување во Унијата.
Треба да ни биде јасно на сите дека повеќе нема простор за институционални манипулирања и поткопувања на правниот систем.
Таа работа заврши!

(Автор: Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи)

Прочитај повеќе

Потенцијалниот лек за коронавирус влегува во трета фаза – ќе се тестира врз луѓе

Слободен печат

Шилегов го победи коронавирусот, од утре се враќа на работните обврски

Слободен печат

Мицкоски: Господине Заев немојте да бидете нервозен, ќе се испита до крај каде завршило куферчето со изрекетираните пари

Слободен печат

Вухан го погоди нова катастрофа: Местото од каде тргна коронавирусот, сега влезе во нова криза (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев: Сите спотови ви се со Зоран Заев, веројатно во сонот сум ви ноќна мора!

Слободен печат

Крвав викенд во Чикаго: На прославата на независноста убиени 17 лица, меѓу нив 2 деца (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Туристичко-угостителска комора: Или зелено светло за свадби, или протест на угостителите в среда (ВИДЕО)

Заев како иден премиер ќе додели медали на храброст за сите кои се справуваат со коронавирусот

Слободен печат

Мицкоски: Македонија е убедливо рекордер по бројот на загубени животи од коронавирусот споредбено со земјите во регионот

Слободен печат

Докторката која криеше дека е заразена со корона се врати на работа на Кожната клиника

Слободен печат

Во Србија 289 новозаразени од коронавирус, војската ја подготви Арена за новите пациенти

Слободен печат

Објавена снимка од домот на Бојан Јовановски во друштво со Катица Јанева и Радмила Шекеринска?

Слободен печат