Жерновски: Правиме сè за да не дојде до вето, не знам до каде е спремна да оди бугарската страна

Ние правиме сè за да не дојде до вето и на конструктивен начин да дојдеме до решение, вели Андреј Жерновски во 24 Анализа.

-Да настапиме умно и да работиме  во духот на добрососедството, не знам до каде е спремна да оди бугарската страна, но ние сме спремни да ги искористиме сите орудија кои ги имаме ние продолжуваме да преговараме, рече Жерновски.

Тој напомена дека нема цена за преговорите и дека за јазикот и индентитетот нема да се преговара.

-И да се случи вето ние ќе продолжиме да разговараме бидејќи немаме Б план, вели Жерновски.

Во однос на нападите на Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев дека Бугарија негира се што е македонско, и дека тука глумиме лудило, Жерновски вели дека за се има решение,а сега во моментов се бара за Бугарија.

-Вие за сè сте против вашето сеење страв, негирање и безнадежност и не функционира и затоа митинзите ви се такви какви што ви се. Имате страв во Штип да излезете на избори, од се се плашите, вели  Жерновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот