Жерновски: Нема да бидеме жртви на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, вечно да се одлагаат изборите

Мицкоски нема да оди и на редовниот термин на избори, вели Жерновски, значи не може вечно одложување на изборите, не може вечни преговори, не може вечно вонредна состојба.

Македонските здравствени власти знаат добро што прават, кога станува збор за датумот на избори на 5 јули, здравствените установи воопшто не се оптоварени, рече во вечерашното гостување на телезивија Канал 5, Андреј Жерновски, заменик министерот за надворешни работи, рече дека

-Капацитетите се празни, најголемиот дел од новозаразените се со благи симптоми, затоа и се на домашно лекување. Сакам да ве увреам дека здраствените работици работат и ќе се избориме со оваа ситуација. И СДСМ и јас имаме своја верзија за тоа што се случуваше, ние сакале или не мора да имаме избори на 5 јули, не е желба тоа на едни или други, тоа е рокот кој што тече после завршување на вонредната состојба. Не може политички партии да си го толкуваат законот и Уставот, како што сакааат. Најотворено, ние нема да бидеме жртви на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, вечно да се одлагаат изборите- рече Жерновски.

Мицкоски нема да оди и на редовниот термин на избори, вели Жерновски, значи не може вечно одложување на изборите, не може вечни преговори, не може вечно вонредна состојба.

-Сакам да ве уверувам сите дека ќе се стори се да се организираат 100 процентно безбедни избори- вели Жерновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот