Жерновски: Не очекувам Бугарија да не блокира за ЕУ

Во однос на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, тоа прашање, рече, е затворено и за нас и за светот.

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски изјави дека не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на земјава со ЕУ.

Според него, неспорноста на македонскиот идентитет, нашето приближување кон ЕУ, добрососедските односи со Бугарија се комплементарни, а јасна е и позицијата на МНР и на  Владата.

-Не сакам да коментирам со која намена се тие изјави, меѓутоа не очекувам да има блокирање. Напротив, тој оптимизам го црпам врз основа на тоа што го видов  јас и што го видовме сите заедно што се случуваше кога се боревме за НАТО, особено за добивање одлука да се отворат преговорите со нашата земја. Нашите соседи кои до вчера не блокираа станаа најгласните адвокати, заговорници, поддржувачи на нашите евроатлантски аспирации, така што, не мислам дека ќе дојде до блокирање, рече Жерновски  вечерва во гостувањето на ТВ 24.

Во однос на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, тоа прашање, рече, е затворено и за нас и за светот.

-Отворањето на таа тема е навредливо, и воопшто не е, ниту по дух, ниту по слово во согласност со самиот договор што го имаме за добрососедство и соработка. Не придонесува за да имаме добри односи како што ги воспоставивме. Пак ќе кажам ниту е во духот на меѓународното право, општо меѓународното право, но можам да ве уверам, да ги уверам граѓаните дека ние како Влада  и МНР многу одговорно ќе продолжиме и понатаму  со имплементирање на овој договор којшто е многу значаен, рече Жерновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот