Жерновски и Бектеши: Економската политика во центарот на работењето на нашите дипломати – Слободен печат
ВестиЕкономија

Жерновски и Бектеши: Економската политика во центарот на работењето на нашите дипломати

Економските и финансиски односи се важен начин преку кој нациите градат доверба и меѓусебно разбирање. Нашите дипломати треба да ја стават економската политика во центарот на нивното работење. Ние сме земја која нема излез на море, но не можеме да си дозволиме и ментално затворање, порача денеска заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски на отворањето на дводневната конференција на почесни конзули на Република Северна Македонија акредитирани во странство.

– Преку дејствување во регионот и промовирање на слободната трговска размена треба да разбереме дека е клучно оти нема модел кој им одговара на сите. Економската дипломатија мора да бида вешта и досетлива, флексибилна и прилагодлива и да ги рефлектира различните пристапи во нашите односи со развиените земји, истакна Жерновски.

Обраќајќи им се на конзулите, заменик министерот Жерновски рече дека нивните идеи се потребни да се разберат односите за националните економии на другите земји каде што сме претставени. Тој побара нивна поддршка за размена на идеи со нашето МНР, а посебно, како што рече, со директорите за економски дипломатии кои ќе ги коррдинираат активностите.

– За оваа цел ќе ни треба целосна поддршка во собирање информации за пазарните и бизнис практики во земјата и поддршка со контакт со нивните земји, со јавните власти, секторските асоцијациите, бизнис клубовите и др. Очекуваме подршка и асистенција при организирање на индивидуални посети на компании на трговски мисии и трговски делегации, подршка за маркетингшки активности како што се одржување на разни семниари, презентации, бизнис саеми, рече Жерновски.

Министерот за економија Кресник Бектеши пред дипломатите рече дека нашата земја фокусот на политиката ќе го насочи кон економијата со промоција на нашите претпријатија и нашето производство.

– Досега, нашите амбасади и дипломати се фокусираа на политичките гледишта во Северна Македонија, имајќи ја предвид кризата, рече министерот за економија Крешник Бектеши. Но, сега дојде време да се фокусираме на економската соработка и да ги промовираме нашите претпријатија, нашите производи и нашето деловно опкружување што веќе го обезбедивме. Направивме нов план за да ја зајакнеме економијата на нашата земја, а тој се заснова на три столба, истакна министерот Бектеши.

Првиот столб, рече тој, е да ги поддржуваме и странските и нашите компании од финансиска гледна точка. Вториот столб е да го зајакнеме натпреварувачкиот дух на постојните компании во земјава со цел да бидат поконкурентни не само во регионот туку и на глобалниот пазар. И третиот и најважен столб е да ја поттикнеме борбеноста на нашите мали и средни претпријатија за и тие да бидат попродуктивни и поподготвени за натпревар.

– Кога станува збор за економската политика и трговската политика општо во нашата земја, минавме низ многу важни реформи во многу сектори. Еве, на пример, енергетскиот сектор. Имајќи предвид дека деновиве чекаме добри вести за отворање на преговорите со ЕУ, каде што вие, конзулите, имавте огромен придонес во заложбите за нашите земји, можам лесно да кажам дека веќе направивме реформи во енергетскиот сектор и политики. Минатата недела усвоивме нов закон за енергетска ефикасност, а ги отворивме и вратите на нашава земја за да привлечеме вложувања во овој сектор, додаде министерот Бектеши, потенцирајќи ги инвестициите во обновлива енергија, како фотоволтаици, соларни ќелии и ветерници.

Министерот за еконимија информираше дека земјата ќе им се овозможи на приватните инвеститори да развијат капацитети до 200 мегавати во фотоволтаични централи и до 160 мегавати во паркови со ветерници. Тој наглси дека така конвенционалното производство на енергија ќе се префрли на поеколошко, а со тоа нашата земја ќе ги исполни обврските кон ЕУ да произведуваме повеќе енергија од обновливи извори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close