Жерновски е разочаран од новото бугарско вето, иако не очекувал спектакуларен резултат

Поранешниот градоначалник и поранешен заменик-министер, Андреј Жерновски/ Фото: Архива на Слободен печат

Поранешниот градоначалник на Општина Центар и заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, вечерва во гостувањето на Канал 5 рече дека, за жал, се повторило бугарското вето, иако како држава ги исполнивме сите услови за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Жерновски потенцира дека тој е разочаран, но реален.

-Не очекував некој спектакуларен резултат од причина што таму допрва се формираше Владата. Прекраток беше периодот. Изгубивме многу време со тоа што имаше три избори по ред во Бугарија. Петков рече дека ќе ги отстрани сите пречки за надминување на спорот и треба да веруваме во брза интеграција. Ќе биде битно да прекине говорот на омраза во двете земји и да го вратиме дијалогот, категоричен е Жерновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот