Жерновски до Мицкоски: Да се прикажуваш како херој со лажни вести и да шириш дефетизам, е жалосно

Во ситуација, кога се соочуваме со смртоносна пандемија која не познава полова, верска, национална или политичка разлика, секојдневно да го напаѓаш министерот за здравство, да шириш дефетизам и да се прикажуваш како херој преку објавување на лажни вести е во најмала рака- жалосно, напиша заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на својот фејсбук профил.

Тој објави и слики од статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и објавата на словенечкото министерство за одбрана во врска со хуманитарната помош од Словенија за Северна Македонија.

– Во некои други времиња, политичкиот прагматизам би ме натерал да се радувам на оваа инфантилна постапка и лага на првиот човек на опозицијата, напиша Жерновски.

Министерство за одбрана на Република Словенија на Твитер објави дека со специјален лет е доставена хуманитарна помош за Република Северна Македонија.

Мицкоски оваа помош од солидарниот фонд на ЕУ за КОВИД 19 и логистичката поддршка на НАТО, ја препиша како своја заслуга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот