Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Донесувањето на Законот за јавно обвинителство било поздравено на средбата меѓу заменикот министер за надворешни работи Андреј Жерновски и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Како што е наведено во соопштението од МНР, на средбата заеднички било констататирано дека со овој чин, Република Северна Македонија демонстрира силна политичка волја за продолжување на реформите во областа на борбата против организираниот криминал и корупцијата, испраќајќи силна порака кон меѓународната јавност за политичката заложба на нашата земја кон носење на конзистентни одлуки во еден комплексен предизборен период, кога станува збор за преземање неопходни чекори за продолжување на европскиот курс на земјата.

Буриќ на средбата ги поздравила судските реформи во нашата држава, оддавајќи признание за севкупниот направен прогрес и двајќи отворена поддршка за сите процеси кои имаат за цел подобрување на нашето опптество.

Заменикот министер Жерновски, за време на посетата на Женева остварил средби и
разговори со министрите за надворешни работи на Германија, Хајко Мас; на Франција, Ле Дриан; на Данска, Кофод; на Австрија, Шаленберг; на Хрватска, Радман; на Грција, Никола Дендиас; односно ЗМНР на Албанија, Агрон Таре; на Романија, Корнел Ферута; на Катар, Лолва Рашид Ал Катер; на Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Ал Агарман и на Јапонија, Оми Асако.

На средбите од страна на Жерновски биле повторени стратешките приоритети на земјата, како и побарана поддршка за кандидатурата за членство на земјата во Советот за човекови права на ОН за периодот 2025-2027. Воедно, кусо информираше и за активностите кои во континуитет на национален план се преземаат, со цел доследна промоција и заштита на човековите слободи и права.
Во фокусот на разговорите со колегите од земјите членки на ЕУ беа и европските интеграции на Република Северна Македонија, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

 

Од страна на соговорниците било посочено дека методологијата ги задоволува барањата на земјите членки, што го враќа оптимизмот во процесот на проширување, враќајќи го со тоа и кредибилитетот на Европската Унија во регионот, кој по октомвриските самити беше значително нарушен.

Заменик министерот Жерновски упатил оптимизам во пресрет на пролетните самити на ЕУ, под палката на хрватското претседателство, при што нагласил дека „Очекуваме Советот да ја исполни обврската која си ја постави, ова е наш заедничкиот влог, нека темата за проширувањето на ЕУ биде точка на обединување меѓу земјите членки”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот