Жерар Пике: Требаше да глумиме! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE

Барселона загуби важни два бода на гостувањето кај Селта Виго. Каталонците ремизираа 2:2, а Реал може да се врати на врвот на табелата со евентуална победа кај Еспањол и да направи разлика од два бода.

Жерар Пике, дефанзивецот на Барса изјави уште пред продолжението од сезоната дека на Барселона ќе ѝ биде тешко да ја освои титулата, алудирајќи дека неговиот тим ја нема истата помош од судиите како што има Реал.

По вчерашното реми, Пике слично алудираше слично преку најновата објава на Твитер во која напиша: „We were meant to pretend. To pretend“.

Тоа е песна од американскиот бенд „МГМТ“, а во превод тоа би значело: „Ние требаше да глумиме“.
Пике веројатно размислува за ситуацијата со фаулот пред израмнувачкиот гол на Аспас, кога Рафиња (позајмен играч од Барса во Селта) доби фаул. Стоперот на Каталонците им се пожали на судиите по прекршокот, сметајќи дека нема доволно контакт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот