Женски приказни: Естреја Хаим Овадија – Мара, партизанка  

Wikimediahttps://commons.wikimedia.org/wiki/File:Bitoljsko-prespanski_partizanski_odred.JPG?fbclid=IwAR2OpFso0AIY92ZY1vvKbJ_EkiGqE5DWRjidXvyIVVyKDIO1VScuVg7UDbo

Естреја Овадија – Мара била родена во 1923 година во Битола. Рано останала без татко и ја почувствувала сета беда и сиромаштија, па со неполни 16 години, во 1938 година се активирала во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во Битола. Неколку месеци подоцна заминала во Белград. На 25 март во дворецот Белведере во Виена кралското намесништво го потпишало протоколот за пристап на кралството Југославија кон Тројниот пакт. Естреја активно се вклучила во демонстрациите на 27 март 1941 година организирани по воениот пуч против тројното кралско намесништво, а тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ.

По капитулацијата на кралството Југославија, се вратила во Битола каде што во 1942 година станала член на Комунистичката партија на Југославија. Непосредно пред депортацијата на Евреите од Македонија преминала во илегала. На 5 април 1943 година заминала како борец на партизанскиот одред „Даме Груев“, а потоа во партизанскиот одред „Гоце Делчев“. При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик политички комесар на чета. На 22 август 1944 година со формирањето на Седмата македонска ударна бригада (Битолска ударна бригада) во с. Зборско, на планината Кожуф, била назначена за политички комесар на баталјон.

Загинува во борбите кои Седмата македонска ударна бригада ги водела со бугарските непријателски сили за граничните караули на Кајмакчалан на 26 август 1944 година. Имала само 21 година.

На 11 октомври 1953 година, по повод Денот на востанието на Македонија, Естреја Овадија  – Мара е прогласена за народен херој на Југославија.

Проектот на Музејот на македонска борба „Неколку нијанси женски приказни“ ги величи жените во Македонија од почетокот на 20 век до денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот