Женската фудбалска репрезентација до 17 години прими 13 гола од Германија

Женската репрезентација на Македонија до 17 години квалификацискиот турнир за Европското првенство кое ќе се игра ова лето го започна со пораз од 13:0 од Германија.
Натпреварот во Лисабон беше отворен по само три минути игра, Германките доминираа во текот на целиот натпревар и разликата во квалитет беше очигледна.
Гонзалес во првото полувреме постигна четири гола од 3-тата до 42-та минута, а Германија на пауза замина со 5:0. Не застана Германија ниту во второто полувреме, па нашата мрежа се тресеше уште седум пати.
За три дена не чека натпревар против домаќинот Португалија, додека последното коло, кое е на програмата на 29. март, играме против Унгарија. Во составот на Катерина Милеска за овој турнир се:
Голмани: Ведрана Комненова, Мери Васева;
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јованоска, Мина Коваческа, Елена Љондевска, Михаела Марковска, Мила Панева, Катерина Петкова;
Среден ред: Теона Галабовска, Ива Јосифова, Рона Рустеми, Никица Трендова, Васка Василева, Ева Величкова;
Напад: Ана Борзоска, Мелиса Милица Димитриски, Анастасиа Илиевска, Настасја Накова, Јована Павловска;