Жените потврдија: Партнерите ни предизвикуваат поголем стрес отколку децата!

unsplash

Постојаните притисоци создадени од самиот факт дека сте родител можат да остават трага на човекот. Но, една нова студија открива дека жените доживуваат повисоко ниво на стрес од своите партнери, а не од децата, пренесува „Time“.

Истражувањето спроведено на над 7.000 мајки открива дека просечното ниво на стрес, во моменти кога сме многу загрижени е околу 8,5 од можните 10.

Приближно 46% од жените изјавиле дека нивните партнери им создаваат најголем стрес на дневна основа. Многу мајки се пожалија дека на својот партнер гледаат како на едно големо дете.

unsplash

Тие исто така веруваат дека стресот што го доживуваат со децата е целосно различен од стресот предизвикан од партнерот и постои вообичаена ситуација на недоразбирање во врска со воспитувањето на децата. Се разбира, тоа дополнително го зголемува нивото на стрес.

¾ од обврските поврзани со семејството се на мајките, а стресот се јавува затоа што тие често немаат доволно време да направат сè што навидум се очекува од нив.

unsplash

Повеќето мајки признале дека најстресно за нив е тоа што се чувствуваат како никој да не забележува што и колку работи прават за семејството како и дека чувствуваат недостаток на поддршка од нивните партнери.

Хал Рункел, терапевт и автор, вели дека проблемот не е во партнерите, туку во врската (или бракот), истакнувајќи дека дури и совршените врски понекогаш се извор на стрес. Љубовните конекции се многу потешки односи отколку со децата, и ако се комбинираат тогаш имате совршен рецепт за стрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот