Жените открија 13 работи за сексот кои би сакале мажите да ги знаат!

принтскрин

Корисничка на Reddit со прекар StackKong започна интересна дискусија на социјалната мрежа поставувајќи едно прашање: „Што би сакале жените да прават мажите во кревет, што никогаш не го прават?“.

Повеќето корисници на Reddit се вклучија во дискусијата со свои идеи и предлози што би сакале мажите конечно да научат за сексот.

Ова се едни од најинтересните одговори кои мажите дефинитивно треба да ги погледнат …

„Ако една девојка ти рече да не застануваш, тогаш за Бога не престанувај да ја правиш таа работа. Немој да правиш ништо поразлично од тоа што го правиш во моментот кога таа ќе ти рече да не застануваш. Не забрзувај, не успорувај, само продолжи како дотогаш“.

„Само испушти звук. Некоја воздишка, валкан разговор, што било. Не си во подрумот на мама”.

„Не лутете се ако девојка започне да се допира за време на секс, тоа е добра работа, не е навреда!“

„Бидете отворени за промена. Толку многу момци се навредуваат ако кажете дека тоа што го прават сега не ви одговара. Тие го гледаат тоа како личен пораз. Не бидете таков тип на момче“.

„Не брзајте со предиграта. Ако одите директно до моите гради или клиторис, тоа всушност ќе ги забави работите. Бакнете го вратот, допрете ме со прстите на грбот … Дајте си време да ме возбудите“.

„Би сакала момците да разберат дека не секој секс мора да заврши со пенис во вагината. И не мора секогаш да завршува со неговата ејакулација. Понекогаш е доволно само бакнување …“

„Направете вашата девојка да се чувствува секси надвор од спалната соба. Држете ја за рака, флертувајте со неа, допрете ја … Не правете да се чувствуваме како замена за кукла на надувување“.

„Дозволете ми да ве соблечам. Штом започне акцијата, момците веднаш се соблекуваат целосно голи. Дајте ми игра“.

„Сакајте го вратот и лобусите на ушите, тоа предизвикува пецкање“.

„Отсекогаш сакав момче да ме притисне на ѕид и да ме бакне, но никој никогаш не го стори тоа …“

„Посветете му се на клиторисот, тоа е вашиот најдобар пријател. Повеќето жени и онака не можат да свршат само од пенис во вагината“.

„Не мора секогаш да доживеам оргазам. Едноставно нема да се случи понекогаш, немој да се лутиш и заради тоа да се чувствуваш како да не си успеал во нешто”.

„Гушкајте се со нас после секс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот