Жените од овој хороскопски знак буквално ги излудуваат мажите

Неа прва ќе ја забележите во друштво, таа ќе ве освои со нејзината вита става и заразна енергија, а потоа ќе ви приредува слатки маки. Станува збор за жените Близнаци кои се тешки за освојување, па затоа партнерот мора да биде брз и непредвидлив.

Во спротивно, лесно може да ѝ здодее бидејќи таа мрази монотонија. Што може да ви приреди жената Близнак, ако се вљубите во неа?

1. Не сака некој постојано да и дели комплименти

Иако повеќето жени сакаат да добиваат комплименти, кај жената Близнак таа финта не пали, тие се доволно сигурни во себе и понекогаш ќе ви изгледа дека не постои комплимент кој ќе ѝ го дадете, а таа веќе да не си го дала себеси.

2. Обожава да флертува

Флертот е за неа нормален дел од животот, а понекогаш се чини дека така функционира. Кај нејзиниот партнер често се јавува страв од изневерување, но нема потреба за тоа. Ако ја освоите, таа целосно ќе ви се предаде. Но, секогаш има исклучоци кога станува збор за неверството.

3. Го сака спротивното од себе

Жените Близнаци ќе ги забележите бидејќи се гласни, ако не и најгласни во друштво. Иако се забавни нив ги привлекуваат спротивностите, затоа неретко се случува за партнер да одберат тивок и мирен, срамежлив човек кој ќе им угодува и одобрува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот