Жените објаснија колку долго треба да трае сексот со предигра

Бакнеж, секс
Фото: Profimedia

Не постои совршен одговор на прашањето: „Колку долго треба да трае сексот?“, иако вообичаено „подолго“ значи и „подобро“. Но, што мислат жените на оваа тема?

Во студијата, објавена од „Журнал од секшуал медисин“, сексуалните терапевти биле прашани колку долго треба да трае сексот. Тие имале четири категории – доволно, прекратко, предолго и пожелно. Мнозинството оцени дека 1-2 минути пенетративен секс е прекраток, а 10-30 минути е предолг. Според нив, 3-7 минути се доволни, а 7-13 минути се посакувани.

Потоа ги прашале жените колку долго би сакале да трае нивниот однос. Повеќето рекле дека сакаат да имаат предигра, која ќе трае од 11 до 13 минути, а потоа да имаат и сексуален однос со пенетрација, кој ќе трае од 14 до 16 минути. Кога ќе ја соберете минутажата, сексот со предигра треба да трае од 25 до 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот